ДКСК не ги прифати приговорите од „Левица“ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во рамки на 52.седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да ја запре.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами, кој го образложи првиот приговор, рече дека наводите од приговорот на „Левица“ за финансирањето на политичкото рекламирање на кандидатката Данела Арсовска, не се потврдени и правно неиздржани и затоа ДКСК не е во можност да предлага мерки во согласност со своите надлежности.

Од анализата на изнесените наводи од приговорот и посочените одредби на Изборниот законик, како што посочи Бајрами, се потврдува дека Арсовска и коалицијата „Обнова за Македонија“ настапуваат како два различни субјекта и нема склучено официјален писмен договор за коалиција на двете страни

Потенцира и дека е точно оти Арсовска ги користи правата на медиумско претставување и финансиските средства за платено политичко рекламирање кои се предвидени и следуваат на опозициската коалиција „Обнова на Македонија“, што се потврдува преку писмениот одговор добиен од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Во одговорот покрај наведено стои дека според обработените снимки од програмите на радијата и телевизиите не регистрирале политичко рекламирање со Данела Арсовска, а во дел од емитуваното платено политичко ркеламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ и на радија и на телевизија има спотови и за таа кандидатка. Во продолжение на одговорот од Агенцијата се вели дека рекламирањето на Арсовска во рамки на платеното политичко рекламирање нарачано од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на упатството за платено политичко рекламирање за локалните избори, истакна Бајрами.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во врска со вториот приговор, рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен“.

Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово“, Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.

– Тој своите три билборди си ги користи и плус останатите ги користи заради тоа што законот му дава право, меѓутоа моментот како да се користат неискористените, не е регулиран, и ние од тука немаме основ како било да изреагираме односно да изречеме мерка во однос на независниот кандидат, додаде Ивановска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе