ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

До 19 часот гласале 45,77 проценти од гласачите

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Најдоцна до 23 часот, според проценките на ДИК, ќе бидат обработени најголемиот дел од податоците од гласањето. Последната прес-конференција за одѕивот е закажана за 21 часот кога ДИК ќе ги објави податоците за излезноста до 20:30 часот.

На прес-конференцијата во 19:30 часот портпаролот на ДИК Адмир Шабани соопшти дека до 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти. Обработени се податоци од 3.463 гласачки места.

За споредба, на парламентарните избори во 2016 година одѕивот до 19 часот беше 66,79 отсто, а на минатогодишните претседателски избори излезноста беше 46,65 проценти.

Најголем одѕв до 19 часот денеска има во Четвртата изборна единица – 53,24 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 35,49 проценти.

Во Втората изборна единица излезноста е 43,04 проценти, во Третата 51,52 и во Петтата 44,89 проценти.

По општини, над 60 проценти излезност има во Македонски Брод, Ранковце, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Вевчани, Кривогаштани, Демир Хисар….

За гласачкото место во општина Липково, портпаролот на ДИК информира дека нивните служби контактираат со општинската изборна комисија со цел да се утврди точниот тајминг на прекин на гласањето. Доколку прекинот траел помалку од еден час, тогаш гласањето не се продолжува, а доколку прекинот бил повеќе од еден час, а помалку од три часа, тогаш гласањето би продолжило за онолку време за колку било прекинато. 

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе