Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска одобри закон за зајакнување на воената соработка со Катар, во знак на поддршка во спорот со арапските земји во регионот.
Законот кој предвидува распоредување на турски војници и соработка во воената обука, усвоен е вчера во парламентот, еден ден откако Ердоган застана на страната на Катар и ја критикуваше одлуката на арапските земји да ги прекинат односите со таа земја.
Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги прекинаа врските со Катар обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот и врските со Иран, кој е регионален ривал на Саудиска Арабија. Катарските власти ги отфрлија ваквите обвинувања.