Договорени законските измени и Изборниот законик

Работните групи на четирите најголеми политички партии, по речиси пет часа преговори, ги усогласија измените на законите за Влада, за внатрешни работи, за медиуми и за Изборниот законик што беа договорени на 20 јули, како и деталите околу ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите.

Како што изјавија претставниците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и од опозициската СДСМ, Никола Тодоров односно Радмила Шекеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на седмицава.

„Мислам дека ги усогласивме текстовите на сите закони кои треба да бидат доставени до парламентот, и се надевам дека ќе добијат поддршка од пратениците. Со тоа ќе се отвори патот за одржување избори. Моите очекувања се дека најдоцна до крајот на оваа седмица би требало да бидат веќе во сила“, рече Тодоров за новинарите по средбата, што се одржуваше во Министерството за правда.

Шекеринска потврди дека претставниците на четирите политички партии постигнале начелна согласност за законите предвидени со договорот од минатата седмица во американската резиденција под покровителство на амбасадорот Џес Бејли

„До вечер, кога ќе ги добиеме финалните текстови, ќе можеме да кажеме дека уште еден чекор во имплементацијата е завршен и потоа партиите целата процедура ќе ја дискутираат во Собранието. Нашата цел е Македонија час поскоро да обезбеди услови за фер и демократски избори на кои нема да одлучува власта, туку ќе одлучуваат граѓаните“, рече Шеќеринска.

Доколку до крајот на седмицата пратениците ги усвојат договорените законски решенија, институциите ќе почнат да го спроведуваат Договорот од Пржино, а со тоа ќе се овозможи и одржување предвремени парламентарни избори до крајот на годинава, а како најверојатен датум се споменува 11 декември.

Според договорот, во измените за медиумите треба да се наведе дека назначувањето на главниот уредник на јавниот сервис е по предлог на опозицијата. Четирите партии ќе треба да ги прецизираат и деталите за формирање ад-хок тело, што ќе треба да ја следи работата на медиумите сто дена пред изборите.

Во Законот за Влада треба да се ограничи мандатот на министрите и дополнителните заменици-министри, кои ќе треба да се повлечат веднаш штом Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави првите официјални резултати.

Ова беше едно од главните барања на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите за да се спречи владеењето на министрите да се одолговлекува до формирањето на новата влада кое може да трае максимум 60 дена.

Со овие измени од завршувањето на изборите до изборот на новата влада надлежностите ги преземаат замениците на министрите.

Исто така, треба да се ограничи правото на министерот за внатрешни работи во техничката влада на 15 кадровски измени, а последните измени на Законот за МВР и за полиција да важат од први јануари следната година.

Од исполнувањето на овие точки во договорот и од проверката што на крајот на август ќе ја направат лидерите на партиите ќе зависи дали и кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе