Договорените измени на закони влегоа во Собрание

Денеска во Собранието ќе се гласаат предлозите на неколку закони за изменување и дополнување, договорени од четирите партиски претставници, потписнички на договорот од Пржино, со кои треба да се отвори патот за предвремени парламентарни избори.

На дневен ред на собраниската седница се ставени Предлог на закон изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Горан Сугарески, Артан Груби и Беким Фазлиу.

Ако оди според договореното, Собранието треба да се распушти на 10 октомври, доколку избори се закажат на 11 декември. За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.

Законот за внатрешни работи ќе претрпи измени по неколку основи и тоа прво треба да се изгласа неговата суспензија, односно одложена примена за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по хоризонтална линија.

Со измени во законот за медиуми ќе се воведе петчленото ад-хок тело што ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ја контролира балансираноста на објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите.

Опозициската СДСМ вчера јавно ги повика новинарите да предлагаат членови на ова контролно тело.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе