Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа, но тргувањето е претпазливо бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, додека економскиот раст забавува.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, со исклучок на Јапонија, беше околу 07:00 часот повисок за 0,2 отсто.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,4 и 0,6 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,2 отсто.

Берзите се претпазливи бидејќи растот на најголемите светски економии е забавен, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Така утрово австралиската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени, на 3,6 отсто, како што се очекуваше.

Податоците за надворешнотрговската размена од Кина се нешто подобри од очекувањата на аналитичарите, но се работи за натамошен пад, што укажува на слабост и на домашната и на странската побарувачка.

Кинескиот извоз е намален во првите два месеци од оваа година за 6,8 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот е намален за 10,2 отсто.

Инвеститорите се внимателни и поради неизвесноста на Волстрит. Вчера Dow Jones зајакна 0,12, а S&P 500 за 0,07 отсто. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,11 отсто.

Инвеститорите на најголемата светска берза не сакаат да преземат премногу ризик бидејќи сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД останува на високо ниво, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.

Поради ова, инвеститорите се претпазливи пред извештајот на претседателот на ФЕД Џером Пауел до Конгресот за состојбата на економијата.

Имајќи предвид дека инфлацијата е сè уште висока и економијата расте побрзо од очекуваното, пазарот ги зголеми проценките за каматните стапки на ФЕД, па сега се очекува да ги подигне на опсег од 5,50 до 5,75 проценти до септември, додека каматните стапки се сега помеѓу 4,50 и 4,75 отсто.

„Пазарот е претпазлив бидејќи оваа недела ќе стане јасно што се случува со американската економија, со оглед на тоа што Пауел ќе ја коментира ситуацијата и дека февруарскиот извештај за вработување во САД ќе биде објавен на крајот на неделата. Инвеститорите се загрижени за економските показатели бидејќи не знаат што ќе направи ФЕД. Едноставно кажано, сите патишта водат до Банката на федерални резерви“, вели Ајрене Тункел, директорка во BCA Research.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 135,60 на 135,10 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0680 долари, додека вчера во ова време беше 1,0645 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,28 отсто, на 86,42 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,26 отсто, на 80,67 долари.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе