Доматите од 70 денари поскапуваат на 95 ден/кг, покачени и цените на краставиците, пиперките и кромидот

Владата денес ги покачи замрзнатите цени на доматите, краставиците, пиперките и кромидот. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека замрзнатите цени се покачуваат оти се зголемиле увозните цени во услови кога сè уште нема домашно производство.

„Има зголемување на цените заради тоа што се забележуваат зголемени  цени во Царинската управа за над 30 %  кај доматите, краставиците, кромидот и гравот. Зголемување има за доматите, 95 денари е највисоката цена. Истото важи и за краставиците и за 10 денари се зголемува цената на кромидот. За пиперките максималната цена  е 100 денари. Само леќата е 110 денари, сите останати цени се под 100 денари“, рече министерот Бектеши.

Новите цени ќе почнат да важат по објавата на одлуката во Службен весник, а ќе важат до крајот на месецот.

Старите замрзнати цени на доматите беа 70 денари, кромидот беше 60 денари, краставиците 75 денари, а пиперките не смееше да се продаваат повеќе од 90 денари за килограм.

„Ние направивме просечни цени увозни од 15 до 28 март. Од 28 март до вчера имаме нови увозни цени кои се појавија согласно фактурите од Царинската управа. Затоа одлучивме да има мала корекција, бидејќи пријавените цени се многу повисоки од тоа што се пријавени пред 28 март. И затоа да не се направи штета или да се соочуваме со недостаток на одредени производи, одлучивме да донесеме измени и да ги зголемиме согласно процентите од царина и цените во малопродажба“, објасни Бектеши.

Контролите од Државниот пазарен инспекторат од Управата за јавни приходи и од Управата за финансиска полиција ќе продолжат да се прават секојдневно, а на дневна база ќе проверуваат и цените на увозот и доколку има потреба ќе се прават нови корекции.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Read more

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more
 

Вести

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе

Јапонски аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Читај повеќе

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Читај повеќе