Донација од Ротари клубот „Скопје“ за мигрантите кои поминуваат низ Македонија

Денес во просториите на Црвениот крст на Град Скопје, во Момин Поток, Ротари клубот „Скопје“ од Скопје донираше 2.500 килограми храна и над 55.000 литри вода и сокови наменети за мигрантите кои поминуваат низ Република Македонија.

Раководството на Ротари клубот симболично ја предаде донацијата на организацијата на Црвениот крст, која ќе биде соодветно дистрибуирана во прифатните центри за мигранти, согласно стратегијата на Црвениот крст и дневните потреби на лицата згрижени во овие центри.

Целта на оваа донација е да помогне и да го олесни задоволувањето на дел од основните потреби на мигрантите и бегалците кои поминуваат низ територијата на Република Македонија, а масовно се згрижуваат во прифатните центри на Црвениот крст во Гевгелија и Табановце. Од еднакво значење е и поттикнувањето на други слични хуманитарни акции, насочени кон олеснување на моменталната состојба.

„Донацијата од Ротари клубот „Скопје“ е обезбедена во соработка со Ротари клубот „Оклахома“ од САД, како еден вид потврда на глобалната посветеност на Ротаријанците со стремеж за мир и подобра иднина за сите луѓе. Во основата на Ротаријанството е и здружување на ресурсите во заеднички напори пред се за мир во светот и спречувањето конфликти, а следствено и за искоренување на причините за глад, недостаток на вода за пиење, сиромаштија, болести и неписменост, преку делување многу пошироко од границите на своето најтесно опкружување. Мисијата на секој Ротаријанец е несебично да и служи на заедницата“ – изјави Глигор Бишев, Претседател на Ротари клубот „Скопје“.

Ротари Клубот „Скопје“ оваа година го одбележа своето 20-годишно активно делување од неговото повторно формирање. Во изминатите 20 години овој клуб допринесе за формирање на многу нови клубови во Република Македонија, и денес активно фунционираат 17 клуба со преку 400 Ротаријанци.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе