Доживотен затвор за двојниот убиец од Струмица

Денеска Основниот суд во Струмица го осуди Марјанчо Велев (55) од струмичкото село Добрејци на казна доживотен затвор за извршеното второ убиство врз струмичанецот Александар Мицев, чие тело беше пронајдено во водите на браната „Турија“.

Него обвинителството го товараше за убиство извршено на 9 октомври 2018 година при што од зад грб пукал со огнено оружје калибар 5,6 милимитери со два куршума во главата на Мицев, а неговото тело беше пронајдено на 5 август лани.

Според обвинителството, осудениот Велев откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, по што искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата која оштетениот ја имал во него, со два куршума во главата го лишил од живот оштетениот Александар Мицев. Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервоар и го фрлил на дното на езерото „Турија“.

Во образложението на пресудата судијката Марина Абрашева истакна дека го применила член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.

-Недвосмилесмо се утврди од бројните докази дека Велев е сторител на убиството врз Мицев извршувајќи го убиството со огнено оружје од кое испукал два куршума од позади врз жртвата, која е убиена на подмолен начин, рече судијката Абрашева на денешното изречување на пресудата.

Оштетените се упатени на оштетно побарување во парнична постапка.

Обвинететиот Велев, на почетокот на судењето, кое почна на 7 октомври, пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен и дека не го сторил делото за кое е обвинет.

Во февруари годинава Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 20 години на Марјанчо Велев за убиство извршено врз струмичанецот Ристо Иљашев на 7 мај 2019 година. Телото на убиениот беше пронајдено во браната „Турија“ на 20 јуни лани затворено во метално буре.

Осудениот има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена од изрекувањето на пресудата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе