Државна матура ќе полагаат 15.899 ученици, екстерните испити се на 4 и 13 јуни

Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Вкупно 15.899 кандидати се пријавени за полагање на државната матура од учебната 2021/2022 година. Од нив, 7.135 се ученици од гимназиско образование, 8.504 од стручно и 260 од уметничките училишта.

Првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература ќе се полага в сабота, 4 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, за македонски јазик се пријавени 11.060, за албански јазик 4.308 и за турски јазик  313 матуранти.

Полагањето на вториот екстерен испит е закажано за 13 јуни. Најмногу пријави има за англиски јазик – 14.320 кандидати, за математика се пријавиле 1.231, за германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Резултатите од испитите треба да бидат објавени најдоцна 30 дена од полагањето на вториот екстерен испит. Покрај екстерни, матурантите имаат и два интерни испита и една проектна задача.

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради COVID-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.

Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15.300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита лани беше 3,61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3,48.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе