ДУИ: Победата на Путин и руската поддршка во Македонија се скандалозни

Демократската унија за интеграција со голема загриженост гледа на неодамнешните резултати од руските избори и на териториите надвор од Русија.

„Диктаторот Путин на руските избори одржани насекаде, доби поголема поддршка од земјите од регионот и во Северна Македонија. Според изборната комисија на Русија, за Путин гласале 88,1% од руските граѓани кои живеат во нашата земја. Ова докажува дека руската политика е присутна, не се откажува и продолжува секој ден сѐ повеќе во обидот да го загрози европскиот пат на Северна Македонија и да уништи сѐ што земјата постигнала во последните неколку години. Во руското сценарио на Путин, политичките партии во Северна Македонија веќе долго време гласно се набројуваат, а на истите неодамна им помага и албанската опозиција која секојдневно ги клевети, навредува и дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земјата, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, велат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција не сака да верува дека албанската опозиција е свесно приврзана за руските сценарија и воедно апелира истата да размислува и да води кампања демократски и европски, земајќи ги за пример ДУИ и идниот претседател на државата, Бујар Османи.

Ги уверуваат граѓаните дека, како што се случи со членството во НАТО и успешното лидерство со мисијата на ОБСЕ, Демократската унија за интеграција ќе биде главниот клуч во процесот за членство во Европската Унија.

„Така, како што откриваат сите анкети, на 24 април и на 8 мај албанската опозиција, веќе координирана со руските политики во Северна Македонија, ќе го добие последниот удар од граѓаните, од кои повеќето отворено кажаа 'ДА за Европа, НЕ за Русија'“, истакнуваат од ДУИ.

реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Ретроградна Венера ги враќа бившите и ги замрсува финансиите

Read more

Македонија

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Read more

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Read more

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Read more

Преку ден сончево, попладне локален пороен дожд

Read more

Вести

  • filter

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Читај повеќе

Хаваи се подготвува за можен прв директен удар од ураган по 34 години

Читај повеќе

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Читај повеќе

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Читај повеќе

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Читај повеќе