Дука: Ја добивме битката со COVID-19 и успешно го спроведовме скринингот

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција рече дека е добиена битката со COVID-19, но не и војната, за што апелираше до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките.

-Состојбата со пандемијата со COVID-19 е стабилна, за што јасно говорат податоците дека во општините Дебар и Центар Жупа нема повеќе заразени. Во самоизолација е само едно лице кое претходно било во државен карантин.Тоа значи дека битката е добиена, но, не и војната со овој невидлив непријател. Затоа барам од граѓаните, како и досега, доследно да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, порача тој.

Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб информираше дека успешно е завршен скринингот за имунитет кај населението.

-Од страна на 17. матичните лекари успешно е завршен скринингот за имунитет на населението во двете општини. Направени се 2.342 тестови при што само кај 35 лица резултатот бил позитивен, односно развиле имунитет. Од оваа бројка 18 се лица кај кои била дијагностицирана болеста, додека кај 17 се лица кои ја прележале болеста без никаков симптом, а се членови или роднини на заболените, информираше Дука.

Во Дебар повеќе од дваесет дена нема новозаразени со COVID-19, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени во петокот, на 1 мај. Вкупната бројка на заразени е 51.Од нив 47 оздравени, а четворица се починати.

Безбедносната состојба во текот на продолжениот викенд, додаде Дука, се каратетеризира со еден обид за кражба и 8 непочитувања на одлуката за забрана за движење, нема нарушувања на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди. 

реклама

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more
 

Вести

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе