Дваесет и една година од атентатот врз Киро Глигоров, мистериозна истрага без резултати

Дваесет и една година се навршуваат од атентатот врз поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров, извршен во Скопје, а нарачателите и извршителите, официјално, сé уште не се познати, односно истрагата е против непознат сторител.

На 3 октомври 1995, во самиот центар на македонската престолнина беше извршен терористички атак со автомобил–бомба „ситроен ами 8“, активирана во моментот кога возилото на првиот претседател на независна Република Македонија минуваше на пат до претседателскиот кабинет, сместен во зградата на парламентот.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден неговиот телохранител Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, кој бил случаен минувач.

Во атентатот извршен со повеќе од 20 килограми моќна експлозивна мешавина од неколку вида експлозиви, Глигоров го загуби едното око, но преживеа и по неколку месеци продолжи да ја извршува функцијата.

Истрагата спроведена од македонските служби за безбедност веднаш по атентатот е направена со многу формални и неформални пропусти, така што до денес, официјално, нема ниту осомничени, ниту обвинети лица.

Според официјалните полициски информации, во врска со атентатот биле легитимирани 188.250 лица, се извршила контрола на 115.000 моторни возила, биле претресени 18.929 граѓани и 30.850 возила. Во исто време биле прегледани 15.000 објекти и 20.250 различни моторни возила.

Атентатот се случи еден ден по враќањето на Глигоров од Белград, каде беше на разговори со тогашниот лидер на Србија Слободан Милошевиќ и само неколку дена пред ратификацијата на привремената спогодба со Грција.

Тогашен премиер беше Бранко Црвенковски, претседател на парламент Стојан Андов, министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, шеф на Службата за државна безбедност Слободан Богоески...

Првиот ден на 3-ти октомври во попладневните часови, Македонската телевизија објави дека во близина на местото на атентатот „биле забележани две сомнителни лица со бради“ , кои со „еено 9“ со велешка регистрација, се упатиле во непознат правец.

Дури дваесет иеден ден по атентатот, Фрчкоски излезе во јавноста со сомневања дека зад атентатот стои бугарската компанија Мултигруп. Подоцна оваа теза се покажа сосема погрешна и беше напуштена. Легендарниот шеф на компанијата, Илија Павлов, кој самиот стана жртва на атентат во март 2003, беше и лично кај Глигоров, да го убеди дека нема ништо со атентатот од 3-ти октомври 1995-та.

По повеќе години по атентатот врз Глигоров, некои од тогаш клучните лица кои биле на функции или биле инволвирани во истрагата тогаш или подоцна, како што се Фрчкоски или екс министерот за внатрешни работи Павле Трајанов, тврдат дека најмалку испитана опција во истрагата била дека зад атентатот стојат српски воено-полициски кругови.

Десет години по атентатот, многу лица кои на некаков начин беа поврзани со самиот настан или со подоцнежната истрага, веќе не се меѓу живите или пак формално се водат како исчезнати.

Киро Глигоров (Штип, 3 мај 1917 - Скопје 1 јануари 2012) беше прв претседател на самостојна и независна Република Македонија. Тој беше на чело државата од 1991 до 1999, односно два претседателски мандати. Глигоров за овој настан напиша и книга „Атентат-ден потоа“ објавена во 2002 година.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе