Двајца пратеници заразени, не се знае колкумина ќе одат во самоизолација

Двајца пратеници од Собранието на Република Северна Македонија во изминатите два дена се изјаснија дека се позитивни на COVID-19, а сè уште нема информација колку нивни колеги и вработени во службите поради контакт со нив ќе мора да одат во самоизолација или да направат тестови доколку имаат симптоми на болеста.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на денов ќе се знае колкумина пратеници треба да одат во самоизолација бидејќи сè уште се изработуваат епидемиолошките анкети.

-Денеска ќе знаеме затоа што треба да завршат епидемиолошките анкети, рече Филипче.

Пратеникот Лазе Таневски од СДСМ денеска преку својот Facebook профил соопшти дека е позитивен на COVID-19, додека вчера собраниските служби информираа за пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери не коментираат како ќе се одвива работата на законодавниот дом во наредните недели.

Џафери претходно повеќе пати предупреди дека работата на Парламентот мора да се усогласи со новите услови за работа, но тоа да се случи треба промена на Деловникот за работа на Собранаието. Владејачките партии предводени од СДСМ сметаат дека парламентот треба да има можност за онлајн-работа, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставот тоа не го дозволува.

Министерот за здравство Филипче денеска рече дека негова и пепорака на Комисијата за заразни болести од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа да го стори, а оваа препорака се однесува и на пратениците.

– Тоа е наша препорака од почетокот на кризата. Секој што може онлајн да работи од дома тоа да го направи. Впрочем, и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање таков ризик. И сега поразговарав со дел од пратениците кои беа тука присутни и го препорачав истото, рече Филипче, по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот кај зградата на Владата, по повод 11 Октомври.

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби изјави дека Собранието мора да започне да работи онлајн, посочувајќи дека веќе задутре Владата ќе се одржи седница преку зум-апликацијата.

-Сметам дека други институции исто така треба да имаат алтернативни начини на продолжување со својата работа, рече Груби.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе