Две лица починаа на Инфективната клиника, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329

Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од COVID-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично опструктивен бронхитис) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово 23, Скопје 11, Тетово 4, Битола 3, Струга 2 и Прилеп 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 денеска изнесува 329 лица. Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во:

Скопје 175
Дебар 47
Куманово 47
Штип 14
Тетово 10
Прилеп 10
Струга 7
Велес 6
Битола 4
Охрид 3
Кавадарци 2
Гостивар 1
Крива Паланка 1
Струмица 1
Гевгелија 1

Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

реклама

Македонија

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more
 

Вести

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе