Еден приведен, а пет полицајци повредени

Најмалку петмина полицајци се повредени, а еден демонстрант е приведен, по протестите во четврток, што се одржаа во Скопје, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработници.

Демонстрантите  се судрија со полицијата кај полициската станица „Беко“, во центарот на градот, а потоа продолжија пред Собрание, каде се одржаа говори на активисти каде уште еднаш беа повторени барањата за отповикување на одлуката на Иванов за аболиција на политичарите и негова оставка, одлагање на изборите, и формирање техничка влада која ќе спроведе реформи и подготовка на државата за фер и кредибилни избори.

Демонстрантите тргнаа кон зградата на владејачката партија, но беа спречени од полицискиот кордон, а дел од нив фрлаа со јајца, димни бомби и боја.

Протестот е организиран од  85 граѓански здруженија и започна во 18 часот пред Собранието.

Организаторите, во своите обраќања повикаа на мирен протест и се оградија од одговорност за постапките на поединци. Протестот траеше повеќе од четири часа.

Од вкупно 13 приведени од завчерашниот протест, двајца заработија кривични пријави, а останатите 11 се пуштени со прекршочна пријава.

За денеска се најавени протести во исто време и тоа со поголем интензитет, поддржани и од опозициските партии, поради најавената одлука на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ги распише предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе