Едмонд Темелко: Судот донесе правилна одлука

„Истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности. Судот покажа дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија“, изјави Едмонд Темелко кој по наредба на Специјалното јавно обвинителство за материјалите од незаконски прислушуваните телефонски разговори беше приведен во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Едмонд Темелко, кој е градоначалник на општината Пустец во Албанија во којашто живее претежно македонско население, тврди дека не добил никаква уредна покана и бил приведен и однесен во Основен суд Скопје 1 Скопје пред Истражен судија по барање на Специјалното јавно обвинителство за некакви нерегуларности во изборите во 2013 година.

„Судот во матичната држава покажа дека не е против Македонците од соседството, конкретно против Македонците од Албанија, бидејќи ги разгледа реално обвиненија и не донесе одлука како што бараше СЈО - мерка притвор, туку донесе одлука да се бранам од слобода. Сево ова не е лошо само за мене како личност, туку за сите Македонци во Албанија, бидејќи една година наназад опозицијата во Македонија вината за нивните слаби рејтинзи и слаби резултати од изборите ја префрлаат на 430 жители на општина Пустец што имале македонско државјанство и лични карти“, вели Темелко.

Градоначалникот на Пустец јавно кажува и вели дека секој Македонец го споделува тоа дека сите жители во општина Пустец се од етничката група Македонци и законски им следува да имаат двојно државјанство, македонско државјанство и лични карти и не значи дека Македонец од оваа област немаат право да гласаат.

„Тоа е нивно право и ние како политичари овде во Република Албанија секогаш ги охрабруваме и поддржуваме за сите нивни права и во конкретниов нивни случај, нивното право да гласаат и во Република Македонија и во Република Албанија, бидејќи голем дел од овие жители одат на сезонски работи и во Македонија и овде во општина Пустец. Се надевам дека СЈО нема да уапси некој кој ќе дојде од Егејска Македонија, бидејќи знам има податоци и таму што има некој државјанство и лични карти или од Пиринска Македонија, бидејќи и тие и ние сме Македонци, колку и тие што се во Република Македонија, без разлика што судбината си поигра, некој да биде во соседството, а некој во матичната држава“, вели Темелко.

Темелко додава дека неговото приведување било без судски налог и без никакви прописи и го потенцира лошото однесување на новоназначениот началник на битолската полиција.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе