Египетскиот претседател Абдул Фатах ал-Сиси прогласи вонредна состојба со траење од три месеци по вчерашните напади на коптски цркви во кои загинаа 45 луѓе.
Ал-Сиси претходно нареди распределување на воени сили ширум земјата како одговор на крвавите инциденти.
Терористичката организација Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите на двете коптски цркви, Свети Марко во Александрија и Свети Ѓорѓија во Тант.
Ова беа најновите во низата напади врз христијанското малцинство во Египет.