Екоцентар 97: Изнесени 5,3 тони разни отпадни хемикалии од ОХИС

Со реализацијата на последниот извоз на отпадни 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони разни отпадни хемикалии, Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје во целост ги исполни обврските дефинирани во договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје” и успешно го заврши проектот кој беше прв од ваков тип на територијата на РС Македонија.

– Со упорноста, истрајноста и знаењето Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје ја потврди својата мисија дека е компанија која што активно учествува во заштитата на животната средина ги следи светските трендови, воведува континуирана обука и надградување на знаењето на вработените и имплементирање на нови, иновативни практики, истакнаа од Екоцентар 97.

Од Друштвото наведоа дека на ден 19 февруари 2021 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно се извршил утовар на нето количина 4,2 тон иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи. Отпадните хемикалии биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото.

– Транспортот се одвиваше без никакви проблеми низ Србија, Унгарија, Австрија, Германија и на ден 24.02.2021 година пристигна во инсенераторот во близина на Лион, Франција. По уредно завршената царинска постапка, се изврши прием на отпадните опасни хемикалии и нивен истовар. Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме потврда за уништување на отпадните иницијатори и останатите отпадни хемикалии, додаваат од Екоцентар 97.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе