Еминем е „чист“ 14 години: Ми требаше многу време за да ми проработи мозокот 

Еден од најпопуларните музичари на светската рап сцена, Еминем, денеска го слави својот 50-ти роденден, а тоа не е единствената импресивна бројка што ја достигна оваа година - одбележа и 14 години откако е трезен.

Раперот, чие вистинско име е Маршал Матерс, е трезен веќе 14 години, а изминатите години не ја криеше од јавноста борбата што ја имаше со зависноста од лекови против болки и лекови за анксиозност.

Неговиот проблем со лекови против болки започна за време на снимањето на хит филмот „8 Mile“ од 2002 година, каде раперот играше една од улогите.

Зависностаа кулминираше со инцидент во 2007 година, кога Еминем речиси фатално се предозира. Тоа беше повик за будење што не само што го поттикна да се отрезни, туку и да се врати на музиката во која тогаш заборавил да ужива.

Минатиот месец Еминем размислуваше за неговото закрепнување и тешкиот животен период зад него.

„Се сеќавам кога првпат се отрезнив и сè ми беше недостапно, се сеќавам дека бев навистина среќен и сè беше повторно сосема ново“, изјави раперот.

Албумот „Relapse“ што го издаде во тоа време беше првиот во кој раперот уживаше по долго време.

„Тоа беше како да почнав повторно да се забавувам со музика и повторно да учам како да рапувам. Ми требаше многу време за да ми проработи мозокот“, рече тој.

Remote video URL

Еминем е трезен од 20 април 2008 година и изјавил дека првично бил многу загрижен што не претрпел трајно оштетување на мозокот.

Тој исто така претходно спомна дека неговата зависност во еден момент била толку лоша што земал и по 20 таблети дневно.

„Користев апчиња секогаш кога можев. Земав сè што ќе ми дадеа“, изјави претходно.

Потоа ги заменил таблетите со вежбање, продолжувајќи ги музичките достигнувања. За ова животно искуство зборуваше во „Revival“, неговиот деветти студиски албум кој беше објавен во декември 2017 година, додека последниот што го објави беше „Music to Be Murdered By“ од 2020 година.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе