Ендрју Тејт останува во притвор уште еден месец, одбиена му е жалбата

Познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт ќе остане во притвор најмалку уште еден месец откако му беше одбиена жалбата на мерката притвор.

Ендрју и неговиот брат Тристан беа уапсени минатиот месец под сомнение за трговија со луѓе, силување и формирање на организирана криминална група. И двајцата негираа дека ги извршиле овие дела.

Минатиот месец судијата им го продолжи притворот до 27 февруари.

Полицијата сè уште не поднела никаква пријава против браќата, кои се преселија во Романија пред пет години.

Тина Гландијан, американски правен советник ангажирана од браќата Тејт за да помогне во жалбата, тврдеше дека нивниот притвор без обвинение повеќе од 30 дена е кршење на нивните човекови права.

Гландијан има искуство во претставување на личности од висок профил како Мајк Тајсон и Крис Браун, и е специјализирана за меѓународни човекови права, јавува BBC.

Зборувајќи со новинарите пред да биде отфрлена жалбата, таа посочи дека притисоците влијаеле на случајот, но одби да објасни какви би можеле да бидат тие притисоци.

„Досега системот потфрла“, рече таа.

Постојат шпекулации дека нејзиното назначување би можело да донесе нов пристап кон правниот тим на браќата Тејт додека се обидуваат да обезбедат нивно ослободување од притвор. Браќата, кои имаат и американско и британско државјанство, вработија и специјалист за комуникации за да одговори на интересот на медиумите за случајот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе