Ендрју Тејт се жали: Нема пристап до скапите автомобили и рачни часовници

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт може слободно да се движи низ Романија откако судот ги олесни ограничувањата за патување.

Од август, Тејт не можеше да патува надвор од областа Букурешт без одобрение од судија. 36-годишниот Тејт се соочува со обвиненија за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група.

Многу жени раскажале како тој ги измамил со ветувања за љубов и брак пред сексуално да ги искористи. Сепак, тој и неговиот брат Тристан ги негираат сите обвинувања. И покрај олеснувањето на ограничувањата, кои следеа по неговото појавување на суд во вторникот, тој сè уште не може да ја напушти Романија, пишува Sky News.

Ендрју Тејт им рече на новинарите пред судот дека „работите се движат во вистинската насока“.

„Нема ниту една снимка од малтретирана девојка, ниту една изјава против нас. Ако станеш преголем и премногу успешен, луѓето ќе дојдат и ќе се обидат да те нападнат“, рече тој.

„Ми зедоа 15 автомобили“

Тој го праша судијата дали може да ги врати средствата запленети во јануари, кои вклучуваат луксузни автомобили, дизајнерски часовници и готовина. Надлежните тогаш објавија дека одземениот имот е вреден 3,6 милиони евра. Наведените средства би можеле да се искористат за исплата на компензација на жртвите и за плаќање на истрагата доколку се докажат наводите.

„Зедоа многу работи... 15 автомобили. Многу работи од голема вредност. Би било убаво да си ги вратам работите“, се жалеше Тејт. Сепак, судот го одложи рочиштето за неговиот имот за почетокот на ноември. Браќата Тејт беа уапсени во декември и беа држени во затвор до март, кога беа префрлени во домашен притвор.

Обвинението против нив и двајца сообвинети беше поднесено во јуни. Тејт брзо се прослави во изминатите неколку години благодарение на клиповите од неговите говори што се појавуваат на TikTok и на други платформи. Тој е баниран од повеќето мејнстрим социјални мрежи, освен X, каде што има речиси осум милиони следбеници.

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе