Епидемијата сѐ уште во полн ек, потребно е поригорозно спроведување на мерките

Последниот здравствен билтен за изминатите 24 часа, со направени 665 тестирања, регистрира 90 нови случаи со COVID-19, најмногу во: Скопје-36, следат Охрид со 13 и Струга со 10 новодијагностицирани. Починаа и девет пациенти, а оздравени се 48 лица.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека според анализите на Комисијата за заразни болести, викендите со недели наназад прават некаква промена на бројот и на тестови и на новодијагностицирани. Во однос на големиот број починати, наведе дека најголемиот број од нив се повозрасни пациенти, односно огромен процент се со поголем број на претходни здравствени хронични состојби.

– Во одделенијата за интензивна нега навистина сѐ се прави за овие пациенти, но, за жал поради тешка форма на болеста имаме ваков број на починати, изјави Филипче.

Повторно апелира за поригорозно спроведување на мерките за спречување на ширењето на COVID-19, оти смета дека тоа ќе даде резултат.

– Многу настани се случија во изминатиот период по што не се спроведе ниту контрола, ниту санкции и од тука произлегоа нови заразени. Секојдневно сме сведоци дека се организираат настани кои сега се забранети. Сметам дека контролата мора да биде поригорозна, порача Филипче на вчерашната прес-конференција.

Тој потенцира дека мерката со државен карантин е навистина добра и ќе прати сигнал до сите кои не ги почитуваат мерките оти треба да се придржуваат до нив, затоа што, вели, немаме друг механизам во борбата против вирусот. Информира дека во неколку наврати имало состаноци со претставници на МВР на кои се укажало на предизвиците и на проблемите со кои се соочуваат сите институции и од здравствениот систем, и оти сето тоа е сериозен сигнал секаде каде што може и треба поинтензивно да се работи.

– Сметам дека со таква интензивна работа на терен ќе се пушти сериозен сигнал до граѓаните и тие ќе сфатат дека овие мерки мора да се почитуваат, нагласи министерот Филипче.

 

Тој подвлече дека епидемијата е сѐ уште во полн ек, а состојбата во регионот укажува дека практично во сите земји има пораст на случаите.

– Ова повторно не води до заклучокот дека вирусот е тука, ќе мораме да продолжиме да живееме со него, да се навикнеме на правилата за лична заштита и по тие правила практично ќе се функционира веројатно долг период, не само оваа година, веројатно и следната година, рече Филипче, и воедно, апелираше до политичките партии да ги почитуваат мерките и да бидат пример за граѓаните како се штити здравјето.

На македонските здравствени власти од вчера на располагање за лекување на COVID-19 им е и нов лек – Авиган кој што е обезбеден преку итна неповратна помош од Јапонија во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). за лекување на 100 лица. Станува збор за антивирусна терапија што во Јапонија се користел за третман на инфлуенцата во 2014 година и сѐ уште не е одобрен да биде специфичен лек за COVID-19, но во тек се бројни клинички студии и од искуствата во апликацијата веќе има доста добри резултати во повеќе земји, рече Филипче. Генеричките форми, додаде тој, веќе се одобрени во Русија и во Индија, а се користат и во други земји во светот како офлејбл лек, кој што за да биде дефинитивно потврден потребно е да завршат клиничките студии.

Од Комисијата вчера е донесена одлука за постепено враќање во функција на останатите ЈЗУ и Клиники, односно секаде каде за тоа постојат услови, согласно претходно направени списоци за приоритет на пациентите, чии интервенции биле одложени.

Инаку, Комисијата за заразни болести и препорача на Владата да се отворат казината, автомат клубовите и ФЛТ апаратите во обложувалниците, да профункционира јавниот превоз во Тетово и кон крајот на неделава да се отворат теретаните и фитнес центрите согласно веќе утврдените протоколи. За отворањето на границите, како што рече Филипче,дополнително ќе се разговара денеска. Заради ризик од можна зголемена трансмисија на болеста, оценето е и дека сѐ уште е рано да се отворат градинките и по разгледување на епидемиолошката состојба и бројките, одлуката за тоа ќе се носи понатаму.

Во меѓувреме, МВР вчера соопшти дека 566 лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие. Контролата покажала дека само две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Од стапување во сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, наведуваат од МВР. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе