Ердоган: Оние кои се загрижени за судбината на пучистите не можат да бидат пријатели на Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјите што се загрижени за судбината на организаторите на неуспешниот воен удар, а не за турската демократија, не можат да бидат пријатели на Анкара, осудувајќи го Западот зашто не покажал солидарност со Турција.

Говорејќи во претседателската палата во престолнината Анкара, претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека во знак на добра волја ќе ги повлече сите тужби против лицата кои се обвинети дека го навредувале.

Ердоган, исто така, го осуди Западот бидејќи не покажал солидарност со Турција, по неуспешниот пуч и рече дека овие сојузничките земји повеќе се загрижени за судбината на пучистите отколку за заштитата на турската демократија, и оти не можат да бидат пријател на Анкара.

„Некои луѓе ни даваат совети. Зборуваат што тие (пучистите) преживуваат. Погледнете ги вашите дела. Погледнете на своите сопствени акции“, го цитира AFP турскиот претседател.

Ердоган ги отфрли критиките од Западот поради масовните апсења по пропаднатиот пуч и рече дека некои земји наместо да ја фалат Турција затоа што спречила државен удар, застанале до пучистите.

Турските власти од поодамна го обвинуваат исламистичкиот проповедник и филозоф Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, дека прави „паралелни структури“ во турските државни институции и оти стои зад превратот. Поради тоа суспендирани се или покренати се истраги за десетина илјади лица кои се сомничат дека се следбеници на Ѓулен, вклучително и офицери, судии, обвинители и универзитетски професори. Затворени се многу образовни институции на сите нивоа кои се дел од мрежата на фондациите блиски на проповедникот како и медиуми.

„Вие застанувате на страна на пучистите, наместо да ја браните земјата којашто го спречи обидот за државен удар“, изјави во петокот Ердоган во касарната во Анкара бомбардирана ноќта од 15-ти кон 16-ти јули кога загинале 47 војници, пренесе Reuters.

„Оној кој го организираше ударот веќе е во вашата земја и вие го храните“, додаде мислејќи на Ѓулен кој од 1999 година живее во американската сојузна држава Пенсилванија.

Ердоган рече дека бројот на уапсените и приведените ќе се зголеми доколку се утврди дека го поддржувале пучот.

Турскиот претседател притоа остро се наврти на американскиот генерал кој рекол дека неговите клучни соговорници во турската армија се уапсени или притворени.

„Кој сте вие?“, запраша лутиот Ердоган на состанокот во воениот штаб во Анкара. „Би требало да знаете кади ви е местото“, додаде и го обвини американскиот функционер дека „се ставил на страната на пучистите“.

Командантот на американските војски на Блискиот исток, генералот Џозеф Вотел, изјави во четвртокот дека стравува од последиците на чистките во турската армија врз односите на Вашингтон со турската воена хиерархија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе