Ерменскиот премиер: Сакаме мир и воспоставување дипломатски односи со Азербејџан

Макфакс
/ 26.10.2023 / 15:58

Ерменија се надева дека ќе склучи мировен договор и ќе воспостави дипломатски односи со Азербејџан во наредните месеци, изјави денеска ерменскиот премиер, Никол Пашинјан.

По децении непријателства меѓу Баку и Ереван, Азербејџан минатиот месец ја презеде контролата врз Нагорно-Карабах со молскавична офанзива предизвикувајќи масовен егзодус на повеќето од 120.000 етнички Ерменци во соседна Ерменија.

Оттогаш двете земји ја изразија својата подготвеност да потпишат мировен договор иако напредокот е бавен и продолжува да има редовни гранични престрелки.

„Во следните месеци (се надеваме) ќе потпишеме договор со Азербејџан за мир и воспоставување дипломатски односи“, рече Пашинјан на форумот во Тбилиси, на кој присуствуваа премиерите на Азербејџан и Грузија.

Азербејџанскиот премиер, Али Асадов, изјави на форумот дека Баку е посветен на мирот и обновувањето на транспортните врски со Ерменија од 2020 година, но напредокот зависи од Ереван. Карабах, кој меѓународната заедница го смета за дел од Азербејџан, е под контрола на етничките Ерменци од распадот на Советскиот Сојуз на почетокот од 90-тите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе