ЕСМ на тендерот на ЕВН понуди 48 евра за мегават час

ЕВН Хоум како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември годинава, доби само една понуда од АД ЕСМ, која изнесува 48 евра за мегаватчас и е за 17% повисока од претходната.

– АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукција, му понуди на ЕВН Хоум купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач, информираат од ЕВН Македонија.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоум, како што посочуваат, во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Од АД ЕСМ, пак, вчера соопштија дека врз основа на направените анализи и пресметки утврдиле дека се во состојба да ги обезбедат вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоум, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (Законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и  целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. За таа цел АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20% од производството во минатата година.

– Конзумот на ЕВН Хоум е зголемен за 27%, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување). Дополнителните потреби на ЕВН Хоум и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, стои во соопштението.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе