ЕУ размислува за ограничување на цените на гасот: Кој е „за“, кој „против“?

Лидерите на Европската Унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цената на гасот, за што се разговара со недели, а основа за тоа се низата заклучоци подготвени за состанокот што ќе се одржи на 20 октомври и 21, пренесува Reuters.

Со недели нема промена во ставовите на сите 27 членки на Европската Унија во однос на тоа дали и на кој начин треба да се ограничи цената на гасот, во обид да се скроти поскапувањето на енергенсите пред доаѓањето на зимата во Европа. Целата ситуација ја влошува неизвесноста околу можноста за снабдување со руски гас, кризата поради зголемените трошоци за живот и можноста за влегување во рецесија.

Цените на гасот вртоглаво пораснаа откако Русија го прекина снабдувањето со гас за Европа по нејзината инвазија на Украина, а ЕУ воведе санкции за Русите поради тој чин. Ова доведе многу земји-членки на ЕУ да бараат ограничување на максималната цена на гасот, но не можат да се договорат како тоа да се направи.

Некои земји се против

Некои земји, вклучително и Германија, која е најголемиот потрошувач на гас во Европа, сè уште се против. Нивниот став е дека ограничувањето на цената може да доведе до зголемена побарувачка за гас или да им оневозможи на земјите да привлечат добавувачи на гас од другите светски пазари.

Европската комисија во вторник треба да претстави пакет енергетски мерки за борба против кризата, пред средбата на лидерите на Европската унија. Неколку земји кои вршат притисок за ограничување на цената на гасот изразија загриженост дека Комисијата нема да ги исполни нивните предлози, рече дипломат на ЕУ.

„Нетрпеливоста расте“

„Нетрпеливоста расте меѓу земјите-членки. Затоа ние го вклучивме во голема брзина и ставивме сè што беше дискутирано на маса. Тоа е начин да се изврши притисок врз Комисијата да излезе со најконкретни можни предлози“, рече дипломатот.

Последниот работен документ со заклучоци покажува дека лидерите би можеле да се договорат за „можен привремен динамичен ценовен коридор“ на природниот гас, додека не се најде алтернатива.

Дипломатите велат дека може да се постигне консензус за цената на гасот што се користи за гориво на генераторите на енергија, познат како „ибериски модел“, но тоа доведе некои да се грижат за зголемената побарувачка на гас.

Тоа што документот подготвен за самитот содржи одредени нацрт-заклучоци не значи дека лидерите на ЕУ ќе се договорат за некој од нив, рече дипломатот, додавајќи дека идејата била да се осигура дека ниту едно од решенијата не е отфрлено пред средбата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе