ЕУРО 2016: Полска и Португалија ја отвораат четвртфиналната фаза

По тридневна пауза Европското првенство во Франција продолжува со четвртфиналните натпревари. Борбите за пласман меѓу најдобрите четири селекции на стариот континент, на стадионот „Велодром“ во Марсеј, ќе ја отворат Полска и Португалија.

Полјаците во претходната рунда, по изведувањето на пенали, ја елиминираа Швајцарија, додека Португалците со голот на Кварезма во 117-та минута беа подобри од Хрватска.

„Полска е силен тим, кој игра на високо ниво. Сигурен сум дека нé очекува тежок меч. Додека ја предводев Грција, пред четири години, имав можност да играм против Португалија и добро се сеќавам на тој натпревар. Блашчиковски, Левандовски и уште неколкумина играчи од тој тим сé уште се тука. Секако дека овој натпревар нема никаква врска со тој од 2012 година, но Полјаците имаат голем напредок од тој дуел. Двата тима го посакуваат полуфиналето, шансите се 50:50“, изјави португалскиот селектор Фернандо Сантош.

Неговиот колега од спротивната страна предупредува дека Португалија не е само Кристијано Роналдо, кој на овој меч ќе има посебен мотив да се израмни или да го престигне Мишел Платини на листата на најдобрите стрелци во историјата на европските првенства.

„Фудбалот е тимски спорт. Не постои тим во кој еден играч може да го одреди текот на натпреварот. Португалија има добар тим и поради тоа мора да внимаваме на сите, а не само на Кристијано Роналдо. Португалија е опасен противник со голем потенцијал“, рекол Навалка.

Во терминот од 21 часот во наредните три дена ќе се одиграат и преостанатите четвртфинални натпревари, во петок Велс и Белгија ќе играат во Лил на стадионот „Пјер Морој“, во сабота е дербито во Бордо меѓу Германија и Италија, а во недела на „Стад де Франс“ домаќинот Франција ќе игра против најпријатното изненадување Исланд.

Полуфиналните натпревари на програмата се на шести и седми јули, а финалето е во Париз на 10. јули.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе