Евидентирани 99.409 лица преку апликацијата за самопопишување

Преку апликацијата за самопопишување заклучно со денешниот ден се евидентирани 99.409 лица. 

Преку апликацијата се регистрираат македонските државјани кои се во странство поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци.

Процесот на самопишување почна на 1 март, а ќе се одвива до 21 април 2021 година. Најмногу лица се регистрирани од Швајцарија, Германија и Италија.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на својот Facebook профил објави дека досега се самопопишале 99-500 лица од дијаспората, од кои само во изминатите 24 часа над 11.500 лица.

– Нашата дијаспора навистина е најдобра на свет. Попишувајте се на https://census.stat.gov.mk/ , напиша тој.

Од 1 март до 15 март се попишуваа вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица-државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Тие заедно со затворениците и бездомниците се попишуваа во првата фаза која на прес-конференција беше оценето дека е успешно завршена.

Пописот на населението во земјава ќе се спроведува од 1 до 21 април 2021 година. Државниот завод за статистика објави и дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, за кој заинтересираните кандидати требаше да се пријават до 20 март 2021 година.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе