Европа има огромен проблем со војската: На НАТО му требаат војници, а тие си заминуваат

Европа има голем проблем со војската, повеќе не се работи толку за регрутирање нови војници колку за убедување на постоечките трупи да не ја напуштат службата.

Оваа недела, францускиот министер за вооружени сили Себастјан Лекорну го претстави планот за „задржување таленти“ за да го охрабри воениот персонал да остане во униформа, пишува Politico.

Тоа се случи неколку дена откако годишниот извештај доставен до германскиот парламент покажа дека околу 1.537 војници го напуштиле Бундесверот во 2023 година, со што бројот се намали на 181.514.

Проблем за сите

„Овие разговори сега се случуваат во сите престолнини, во сите демократии кои имаат професионални армии без регрутација“, рече Лекорну во понеделникот, мислејќи на Обединетото Кралство и САД.

„На состаноците на НАТО можеме да зборуваме за опрема, но сега зборуваме и за нивото на задржување“, додаде тој.

Додека Европа повторно се вооружува како одговор на војната во Украина, земјите како Хрватска размислуваат да го вратат воениот рок. Други, како Данска, планираат да го прошират и на жените. Германија го укина регрутирањето во 2011 година, но со оглед на тоа што многумина во војската остареа, повторно се водеше дебата за воведување на некој вид систем на државна служба.

За земјите кои се потпираат на професионални воени сили, предизвикот е да ги направат вооружените сили атрактивни - нешто што е тешко да се направи во време на ниска невработеност, жестока конкуренција од приватниот сектор и широко распространета работа на далечина.

Не се работи само за парите

Во Франција, воениот персонал останува во вооружените сили во просек една година помалку од претходно. Во Обединетото Кралство има годишен недостаток од 1.100 војници - што е еквивалент на два пешадиски баталјони - иако владата склучи договор со приватната компанија Capita.

Парите играат важна улога да ги натераат луѓето да останат. Една од водечките мерки на францускиот план е зголемување на пензиите преку интегрирање на бонуси; се зголемуваат и платите. Но, проблемот е што условите за користење едноставно не се толку атрактивни, со хронични прекувремени часови и месеци надвор од дома.

„Проблемот не е регрутирањето, туку задржувањете, мораме да ги задржиме и семејствата“, рече адмиралката Лиса Франкети, началник за поморски операции на американската морнарица, на конференција во Париз претходно годинава.

Во Полска, новата влада претходно годинава најави зголемување на платите за околу 20%, во обид да ги задржи војниците. Минималната месечна плата за војник се зголемува од 4.960 злоти (1.150 евра) на 6.000 злоти. Како одговор на растечката закана од Русија, полската армија порасна од 95.000 во 2015 година на 215.000 оваа година.

Војската нуди сѐ повеќе и повеќе

Францускиот план вклучува помош за наоѓање сместување и пристап до здравствена заштита и грижа за децата. Паровите каде и двајцата работат во Министерството за вооружени сили, дури и ако едниот е цивил, ќе можат заедно да ги менуваат работните места.

Во Германија, како дел од напорите за зајакнување на националната одбрана, владата сака да го зголеми бројот на своите вооружени сили на 203.000 до почетокот на 2030-тите - но регрутирањето напредува многу бавно.

Специјалната комесарка за вооружени сили на Бундестагот, Ева Хегл, рече дека повторното воведување на некоја форма на регрутација е еден од начините да се свртат работите, но таргетирањето на жените е поочигледен потег за да се спречи падот бидејќи потенцијалот е „далеку од исцрпен“.

Законот донесен минатата година се обидува да ги направи условите попривлечни, вклучително и поголема поддршка за згрижување деца и зголемени пензии.

Нема само проблеми со работното време, туку има и основна инфраструктура.

„Кога ги посетувам војниците, веќе не слушам дека недостасуваат шлемови и заштитни елеци - туку шкафчиња“, напиша Хегл во годишниот извештај.

Според Хегл, поправката на касарните и воените објекти ќе чини околу 50 милијарди евра - еднакво на половина од вкупниот специјален фонд што владата го создаде за ажурирање на своите воени сили по руската инвазија на Украина.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе