Facebook има проблем - како да потроши 52 милијарди долари?

Facebook има проблем - вишок од 52 милијарди долари.

Иако има повеќе пари од сите американски фирми заедно (со исклучок на неколку), Вашингтон толку е „наострен“ на лидерот во сегментот на социјалните мрежи, што ова може да претставува проблем во напорите за големи аквизации на компанијата, стои во анализата на CNN.

За финансискиот директор Дејвид Венер и основачот на Facebook Марк Закерберг, оваа количина на пари во кеш претставува фасцинантен проблем.

Facebook не исплаќа дивиденти на акционерите, но дури и со додавање дивиденда од 2 отсто би се потрошиле „само“ 11 милијарди долари годишно.

Во меѓувреме, Facebook го намали темпото на откуп на свои акции оваа година, откако на тоа потроши повеќе од 11 милијарди долари во 2018 година кога акциите паднаа дури до 124 долари. Моментно цената им е 200 долари.

Нивото на капитални инвестиции на компанијата би требало да остане непроменето и следните години, се вели во извештајот за третиот квартал.

„Постојат реални политички ограничувања за тоа што можат тие да направат“, вели Саманта Маклимор, портфолио менаџер во Miller Value Partners во Балтимор, фирма што поседува 387.000 акции на Facebook, основана од познатиот инвеститор Бил Милер.

„Големите технолошки компании дозволиле неконтролирано да трупаат готовина“, додава таа.

„Политичките проблеми на Facebook ја намалуваат веројатноста дека таа готовина ќе ја искористат за некоја голема аквизиција“, смета Џон Фримен, аналитичар во CFRA Research.

Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен го критикуваат потегот на Facebook  да ги купи Instagram и WhatsApp и изнесоа тврдења дека администрациите на Обама и на Трамп дозволиле големите технолошки компании да станат исклучително моќни благодарение на недостигот од антимонополски закони.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе