Фаворитот за новиот Бонд се појави на црвениот тепих со 24 години постарата сопруга

Арон Тејлор-Џонсон уживаше во ретко излегување со неговата 24 години постара сопруга Сем, а се појавија на премиерата на филм во Лондон.

Парот беше насмеан додека одеа на црвениот тепих пред премиерата на биографскиот филм за Ејми Вајнхаус налсовен како „Back to Black“, кој го режираше токму Сем.

Дуото остана верно на насловот на филмот и облече целосно црни комбинации за таа пригода. Сем се одлучи за долг црн фустан, кој го спои со црн кожен ремен и штикли.

Арон облече црна кошула и панталони во иста боја, а изгледот го комплетираше со кожна јакна.

Двојката се запозна на снимањето на филмот „Nowhere Boy“ во 2009 година кога тој имаше 18, а Сем 42 години. Се венчаа во 2012 година и сега се родители на Вајлд (13) и Роми Хироу (11), како и на Анџелика (25) и Џеси (15) од првиот брак на Сем. Денес Арон има 33 години, а Сем 57.

Арон неодамна изјави дека критиките на јавноста за 24-те години старосна разлика на парот му се „бизарни“. Во интервју за британското издание на магазинот Rolling Stone, актерот ги потсети фановите дека е „постара душа“ благодарение на неговите детски актерски денови.

Појавувањето на двојката доаѓа откако наводно на Арон „претходно му била понудена“ улогата на легендарниот таен агент Џејмс Бонд. Доколку ја прифати понудата, актерот од „Tenet“ ќе ги преземе уздите од Даниел Крег, кој го глумеше Бонд во вкупно пет филма во траење од 15 години.

реклама

Филм & ТВ

Кои серии достапни на стриминг платформите треба да ги гледате сега?

Read more

Фановите се одушевени од трејлерот за новиот Superman

Read more

„Домаќинката“ Меган Маркл

Read more

Max. HBO Max

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Кои серии достапни на стриминг платформите треба да ги гледате сега?

Читај повеќе

Добив втора шанса за живот: Се огласи повредениот гитарист на ДНК

Читај повеќе
  • play_arrow

Фановите се одушевени од трејлерот за новиот Superman

Читај повеќе

„Домаќинката“ Меган Маркл

Читај повеќе

Фановите на The Office незадоволни од претстојниот спиноф: Ужасна идеја

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за долгоочекуваната суперхеројска серија со Николас Кејџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кевин Спејси ја доби првата голема улога по скандалот

Читај повеќе