ФИФА категорична: Од понеделник стапуваат на сила построги казни за расизам

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) најави построги казни во борбата против расизмот, а ажурираниот Дисциплински правилник ќе почне да се применува од понеделник, 15 јули.

По речиси 15 години без поголеми промени во Дисциплинскиот правилник, новата верзија е направена во договор со шест конфедерации и други клучни играчи во фудбалскиот свет. Сега е подобрена структурата, правилата се појасни и наместо 147, има 72 членови.

Промените следеа по низата инциденти на натпревари во минатата сезона на националните првенства, но и на меѓународни натпреваувања.

Во договор со мрежата Fare, начелото за нула толеранција на расизам во каков било облик на дискриминација е ажурирано во согласност со неодамнешната изјава на претседателот на ФИФА - дека во фудбалот нема место за дискриминација.

На листата предвидени казни се: играње без публика, играње на неутрален терен, одземање бодови, исфрлање во натпреварување од понизок ранг, исфрлање од турнир или од идни натпреварувања, како и повторување на натпревари.

Минималната забрана за играчи и вработени во стручниот штаб се зголемува од 5 на 10 натпревари, а на играчите жртви на расистичко однесување ќе им се овозможи и да даваат изјави и да учествуваат во постапките.

Ажурираниот Дисциплински правилник го проширува опсегот на она што се смета за дискриминаторно однесување на сѐ што се однесува на расата, бојата на кожата, етничка, национална или општествена припадност, пол, инвалидитет, сексуална ориентација, јазик, вера, политичко мислење и определба, богатство...

Согласно новиот Правилник, ќе има можност за изрекување забрана за трансфер на клубовите кои не ги исполнуваат обврските во случаи што ги обработуваат ФИФА и Арбитражниот суд за спорт.

Како општо правило, натпреварот автоматски се губи ако судијата ја прекинал средбата откако ја применил постапката во три чекори за дискриминаторни инциденти.

„ФИФА нема да ги изневери жртвите на расистичко малтретирање. За првиот прекршок ќе има ограничување на бројот на гледачи и парична казна од најмалку 20.000 швајцарски франци“, стои во соопштението од ФИФА.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе