Филипче: Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на ковид-заразата и ќе се однесуваат на невакцинираните.

Министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5 вечерва изјави дека по состанокот ќе достават конкретни предлози до Владата. Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што, рече, тие најмногу ги оптоваруваат болниците.

– Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравствениот систем, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

Remote video URL
реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе