Филипче: Можно е да сме пред нов бран, невакцинираните го оптоваруваат здравствениот систем

Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска на прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во земјава, рече дека можеби сме пред нов КОВИД бран.

Како што рече Филипче, многу е тешко да се идентификува вистинската причина за растот на КОВИД случаите. Можно е да се работи за некоја од варијациите на вирусот. Затоа се чекаат резултатите од секвенционирањето кои треба да стигнат до крајот на оваа или почетокот на идната недела.

Сепак, според него, локалните избори не биле ризик, а доказ за тоа е што има зголемување на бројот заболени меѓу помладите возрасни категории кои воопшто не учествувале на собирите и во кампањаите.

Во врска со најавениот состанок на Комисијата за заразни болести, Филипче нагласи дека ќе се слушнат мислењата и предлозите. Сите опции се отворени, но мора да бидат издржни и спроведливи.

Филипче, кој одговараше на повеќе новинарски прашања, ги отфрли како неточни констатациите во јавноста дека политичарите не го слушаат гласот на науката во однос на предупредувањата, мерките и протколите.

-Апсолутно не точно и не е вистина дека политиката не го слуша ставот на науката. Се што правиме  и спроведуваме, доаѓа од науката. Во Комисијата за заразни боести членуваат искусни инфектолози и епидемиолози со огромно искуство. Ги консултираме и надворешните експерти. Јас лично сум бил во контакт со нив. Од почетокот на пандемијата досега, сите мерки доаѓаат како препорака на експертите. Нема никаква политика во ниту еден временски период при дизајнирањето на мерките и препораките, дециден е Филипче.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да се вакцинираат и предупреди дека токму невакцинираните го создаваат најголемиот притисок врз болниците. Согласно сегашните текови, додаде, огромен процент од невакцинираните имаат многу голем ризик да заболат и тоа се случува. Сепак, потенцира, засега не се размислува вакцинацијата да биде задолжителна.

Вакцинацијата и почитувањето на мерките (носење маска и држење дистанца, се клучот за излезот од пандемијата, оцени министерот.

-Невакцинираните го оптоваруваат здравствениот систем. Но, не, засега не се размислува вакцинацијата да биде задолжителна, а за други мерки, вклучувајќи и некаква препорака, еден од главните индикатори ќе биде оптовареноста на болниците, објасни Филипче.

Според него, ако актуелните КОВИД бројки продолжат, значи дека новиот бран е почнат.

-Тешко можеме да ја предвидиме динамиката. Болничките капацитети се подготвени, лекарите и медицинските сестри, но мора граѓаните да знаат дека здравствените работници се преморени зашто интензивно работат целокупниот изминат период. Некои КОВИД центри не се ни затворија, а и делови од некои клиники се целосно пренаменети во КОВИД центри. И не е суштината да се наполнат болниците, туку луѓето да се вакцинираат. Затоа апелирам, граѓаните интензивно да се имунизираат, почнувајќи од денеска. Многу е важно бранот да се пресретне, истакна Филипче.

Негов став е дека тешко му се застанува на патот на вирусот со рестриктивни мерки и тоа е една од лекциите која цел свет ја научи.

-Затоа сметам дека правецот во кој треба да одат мерките се темелат на два принципа: вакцинација и општи превентивни мерки – носење маски и држење дистанца. Само тоа може да го извлече светот од пандемијата. Нема рестрикција што може да помогне кога вирусот е распространет насекаде. Граѓаните не можеме да ги спречиме да патуваат, има потреба и за патувања и за собири и може да се даде некаква рестриктивна мерка, не е спорно, но дали ќе има ефект? Видовме дека рестрикција во една форма не дава никакви резултати. И во овој силен бран во соседните земји, никој не размислува за рестриктивни мерки. Затоа е битна вакцинацијата, за да се трансформира болеста од тешка во што полесна форма, да се растоварат болниците, рече Филипче.

На прашањето дали неговото непојавување извесно време во јавноста има врска со политичката криза во моментов, Филипче одговори дека епидемиолошката ситуација беше релативно стабилно и затоа немало потреба да излегува во јавноста, а во изборниот процес не ни можеше да има какви било презентации.

-Оваа прес-конференција е поради промената на епидемиолошката ситуација, нагласи министерот за здравство.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе