Филипче: Намален бројот на позитивни случаи, но мора да бидеме внимателни

Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18.469 случаи на заразени со COVID-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни.

– Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со COVID-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, објави на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава се воведени рестриктивни мерки кои подразбираат полицискиот час кој почнува од 20:00 часот, затворени кафеани, кафулиња, како и угостителскиот дел од обложувалниците кои можат да примаат уплати преку наплатен пулт. Забрана за работа имаат фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Собранието, на вчерашната 39-та седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148.618, бројката на оздравени пациенти е 125.593, на починати е 4.556.

Според последните податоци од Министерството за здравство вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупно 689 пациенти потврдени и сомнителни за COVID- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид центрите во болниците низ земјава, е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Постојано се прават исписи на оздравени пацинети и внес на нови, така што бројките се менуваат од час во час.

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на COVID-19.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе