Филипче не го познава Сали, но сака да му го пренесе искуството

Скопје, 22 декември 2021 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче кој од декември 2017 година е на чело на здравството, а според новиот коалициски партнер СДСМ треба да биде заменет со Беким Сали од Алтернатива, рече дека не го познава Сали лично, но дека сака да се сретне со него да му го пренесе искуството.

Филипче денеска при посетата на Клиниката за ортопедија меѓу другото рече и дека му е жал што за време на неговиот мандат не успеале да го започнат проектот за изградба нов клинички центар и апелираше до опозицијата да го одблокира законот.

-Јас сум убеден дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисокото ниво на здравствена заштита, а тоа е терцијарната. И покрај сите реновирања што ги прави за да се модернизираат условите во кои работиме, сепак новата модерна медицина, интегрираниот тип на здравствена услуга бараат и поинаква инфраструктура. Има нова апаратура што не може да се внесе во малите операциони сали кои ги имаме сега, тоа бара еден нов концепт. Апелирам опозицијата во периодот што доаѓа да го одблокира законот, тоа е одличен проект, граѓаните заслужуваат нова модерна болница, истакна Филипче.

Пред новинарите нагласи дека е горд на одличната соработка со здравствените работници и за нивниот ентузијазам дека може да се постигне се доколку се работи со љубов кон работата.

-Горд сум на соработка и координација во едни од најтешките периоди во историјата на државата. За жал, нѐ снајде пандемија во целиот свет и кај нас. Покажавме ние здравствените работници со ентузијазам, со голема желба и љубов кон работата да се успее во целокупниот третман на пациентите, да се успее во реорганизацијата на здравствениот систем. Успеавме да обезбедиме болнички кревети, соодветен третман за сите пациенти. Понатаму горд сумна тоа што направивме да сите процеси во Министерството за здравство се одвива инклузивно, никој да не оставиме по страна и сите чинители да учествуваат во креирањето на политиките. Тука се колегите со стручните здруженија, тука се здруженијата на пациенти со различни болести и тука се граѓанските организации, потенцира Филипче.

Горд сум, рече министерот, што со помош на премиерот Заев успеале да инвестираат блузу 30 милиони евра за зголемување на примањата на здравствените работници, како и за обезбедеувањето на оргинални лекови и укинувањето на паралелен увоз на лекови.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе