Филипче: Нема дополнителни рестриктивни мерки, дел од ковид центрите се затвораат

Скопје, 22 декември 2021 (МИА) – Не се планираат рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите и целата интерна клиника се враќаат во нормала, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клиниката за ортопедија оценувајќи ја состојбата со коронавирусот како мирна.

Според него сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа, како што рече, такви собири на јавни места има насекаде. Практично, вели тој, кулминација ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне.

-Не гледам зашто специфично и само за новогодишните празници би правеле некаква рестрикција кога собири сега пред Нова година традиционално луѓе се собираат во огромен број, нагласи Филипче.

Во однос на вакцинацинираните, министерот смета дека процентот е висок, но и дека интересот е спласнат.

-Сметам дека опфатот кој што според новиот попис веројатно негде помеѓу 50, па дури и 55 проценти ако се исклучат децата, сепак е висок, прилично висок процент. Жал ми е што спласна интересот и нема да достигнеме за кратко време 70 или 80 проценти опфат. Така да, во таа смисла имајќи ја дополнително предвид тоа што болниците се навистина растеретени, дел од ковид центрите веќе се затвораат. Во почетокот на следната недела целата интерна клиника ќе се врати во нормална работа. Значи Одделот за неврологија и дерматологија се враќа во нормална работа, сите ковид капациетни тука ќе бидат сместени само на Инфективната клиника. Сметаме дека ситуацијата е мирна, потенцира Филипче.

Сепак, рече тој не можеме да се предвиди како ќе биде, дали некоја варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши епидемиолошката ситуација, но додаде дека затоа акцент е ставен на вакцинацијата.

-Сметаме дека и сега излегуваат официјални податоци од студии дека значајно се зголемува ефикасноста против најновиот сој омикрон, кога се прима третата доза. Сериозно за неколку десетици проценти ефикасноста на вакцинацијата се зголемува и затоа инсистираме да продолжи вакцинацијата, граѓаните кои се вакцинирани со две дози да примат и трета доза, истакна Филипче.

Министерот нагласи дека со овој опфат на вакцинација ние во конитинуитет сме во подолг временски период на намалување на бројот на случаите.

-Тоа не значи дека треба да бидеме сигурни или можеби несигурни дека таа ќе продолжи, можеби некој нов сој ќе ја смени епидемиолошката ситуација. Затоа сметам дека треба да продолжиме на овој начин интензивно да ја следиме ситуацијата, по региони, по градови да се пратат бројките, а мерките засега се добри, истакна Филипче.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе