Филипче: Непочитувањето на мерките го донесе овој втор бран на COVID-19

Министерот за здравство Венко Филипче ја одржа редовната прес-конференција на која извести за ситуацијата со COVID-19 во нашата земја.

Како што претходно беше објавено од Министерството за здравство, денеска има 127 нови случаи на заразени со COVID-19, а починати се 3 лица.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 71 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ се хоспитализирани 42 пациенти, на респиратор се 8 и со потешка клиничка слика се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а во болницата во Штип 24. Во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти.

Министерот информираше дека во изминатите денови се направени тестирања на контактите на заразените лица.

„Екипите на ИЈЗ интензивно работеа на терен и овие бројки деновиве се очекувани“, истакна министерот.

„Ваквото тестирање е таргетирано како рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти коишто се носители на вирусот во рамките на познатите кластери. Тие се заразиле на семејни и други собири“, изјави Филипче.

Полицискиот час овој викенд помогна до полесен пристап за тестирање. Голем број на пациентите се со лесна клиничка слика или се асимптоматски случаи. Од вкупниот број регистрирани, само 8 се на механичка вентилација.

Околу 65% од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, 90% спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 критични региони, вели министерот.

Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава, точно пред 2 недели. Овој пик е резултат на тоа и непочитувањето на мерките нè доведе до овој нов бран, истакна министерот за здравство.

Анализата во текот на последните 7 дена покажа дека нема значајно ширење надвор од жариштата. На седницата на Владата утре ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

Непочитувањето на мерките за заштита го донесе овој втор бран во земјава

„Вирусот е тука, тој останува, мора да научиме да живееме со него. Целиот свет продолжува да живее со него и овие мерки се универзални и се почитуваат во целиот свет,“ вели Филипче.

Само со почитување на овие принципи може да ставиме крај на епидемијата. Апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе