Филипче: Новите мерки нема да почнат утре, ќе дадеме разумен рок

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.

Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

– Има докази дека вакцината дава резултати, се докажува и ефикасноста. На милион дадени дози нема посериозен несакан ефект освен вообичаено црвенило или покачена телесна температура. Во промили се мерат бројките на вакцинирани, а новодијагностицирани и заразени, истакна министерот и укажа дека се оптоварени болниците токму во градовите каде што е помал опфатот со вакцинацијата како во Тетово, Куманово, Гостивар.

Филипче потенцира и дека подолготраен е имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација, отколку со прележување.

-Колективен имунитет се стекнува само со вакцинација и докажано е дека е потраен од оној стекнат со прележување на болеста. Битно е и тоа што со вакцинацијата ќе покажеме дека водиме сметка и за другите земји, подвлече Филипче.

Во врска со вчерашните протести, рече дека не можеше да се слушне некаков аргумент за вакцините, ниту за нивната ефикасност или безбедност.

– Слушнавме, за жал, еден куп навреди и закани и кон здравствените работници кои тоа најмалку го заслужуваат зашто изгинаа од работа, деноноќно. Не заслужија некој да ги нарекува убијци. Тоа на ништо не личи. Навистина сум изненаден и разочаран, рече Филипче. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе