Филипче: Пристигнаа руските вакцини, денеска ќе стигнат и 10.000 на Pfizer

„Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши  ревакцинција по три недели од вакцинацијата со вакцината Sputnik V. Тоа се тие 20.000 дози“, изјави денеска министерот Венко Филипче.

-Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини Sputnik V од кои 7.000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека денеска стигнуваат и 10.000 вакцини од Pfizer преку директен договор и потенцира дека го добиле распоредот за тоа како секој понеделник ќе стигнуваат меѓу 4.000 до 7.000 вакцини, односно вкупно 26.000.

– Треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија. Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на Pfizer и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарди и така се прави распоредот и регионално, рече Филипче и додаде дека тоа се местата каде што завршува процесот на опремување на салите во рамките на училиштата.

Тој нагласи дека веќе е завршено опремувањето на салите во Охрид и во Штип, денеска ќе заврши во Битола, а останатите три ќе бидат до крајот на неделата, за да ги сместат и практично ги лоцираат вакцините кои треба да дојдат од Кина, вкупно 200.000.

– Според информациите од изутрината, тие околу 28 април треба да се подигнат од Пекинг, на 30 април преку Истанбул да стигнат во Белград, а после тоа со специјален ланец на камиони да стигнат во Скопје и ќе бидат сместени во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“, рече Филипче.  

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе