Филипче: Сите кои пристигнуваат од критичните региони да ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот

Скопје, 25 февруари 2020 (МИА) – Сите лица кои пристигнале во државава од критичните региони каде има заразени од коронавирусот да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, а тоа е доколку после патувањето во одреден период од две недели добијат некакви симптоми да не одат низ здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје или Институтот за јавно здравје, за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови. Здравствениот систем е подготвен и подготвени се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар. Сите четири институции располагаат со околу 150 кревети. Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој уште еднаш апелираше да не се патува без некоја посебна потреба во Италија, посебно во северните делови, како и во критичните региони без итна потреба, а граѓаните да се придржуваат на мерките што се дистрибуирани во смисла на одржување лична хигиена, бидејќи тоа помага во спречување на ширење на инфекцијата и сите други инфекции, како и актуелниот грип.

На денешната седница на Владата ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.

Филипче потенцира дека има сосема доволна количина потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40.000 маски и 10.000 мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број.

– Во текот на денот ќе се дистрибуира целиот материјал, информативниот прашалник и заштитниот материјал до сите гранични сувоземни премини и дополнение на аеродромите таму каде што недостига. Имаме сосема доволна количина резерви како на маски, мантили, понатаму на скафандери која ќе ја дополниме во периодот што следи, рече Филипче.

Во врска со тоа дали има доволно маски во аптеките рече дека контактирале со неколку добавувачи и тие им кажале дека има доволна количина.

Истовремено, нагласи, денеска очекуваме да се надополни оваа сега резерва што ја имаме со одредена количина и од Црвениот крст, така што во овој момент немаме информација дека нема доволно материјал.

– Ние сме на располагање 24 часа за споделување на сите точни информации во однос на тоа што точно се случува со пациентите, протокот, влезот, најавените можни патници од критичните региони и мерките кои ги преземаме, истакна Филипче и додаде дека во рамките на Министерството за здравство ќе функционира кризна група во која ќе членуваат експерти од областа на епидемиологијата и инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и тековни активности во врска со случаите со коронавирус, додаде Филипче.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе