Фонсека по ремито со Интер: Го контролиравме натпреварот

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека ја пофали посветеноста на играчите на натпреварот со Интер на „Меаца“, кој заврши 0-0. Голманот на „Џалоросите“, Антонио Миранте, направи клучни одбрани по удари на Ромелу Лукаку и Матијас Весино, а Фонсека призна дека на неговиот тим му треба поголема острина во нападот.

– Грешевме во последната третина од натпреварот, но сепак направивме добар натпревар. Сакавме да ја задржиме топката и на моменти целосно го контролиравме натпреварот. Имаме подобрување во сите фази на играта, но сепак мора да работиме на тоа да бидеме попрецизни кога напаѓаме, сподели Фонсека.

Поголемиот дел од шансите на Интер, според него, биле поради грешки на „Волчицата“.

– Но ние имавме храброст да ја извадиме топката со подавања и да не ја шутираме напред. Наскоро овој пристап ќе се исплати. Џанлука Манчини и Крис Смолинг беа многу сигурни, но во целина екипата се бранеше добро. Миранте е одличен голман и уште еднаш го докажа тоа, додаде Португалецот.

Најдобрите моменти од натпреварот може да ги погледнете Тука

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе