Францускиот министер за внатрешни работи го обвини Бензема дека е во контакт со терористи

Макфакс/Кајгана
/ 18.10.2023 / 10:22

Францускиот министер за внатрешни работи упати сериозни обвинувања кон Карим Бензема.

„Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри во земјата и во оваа прилика му се обраќам на г-дин Карим Бензема, кој одржува контакти со озлогласени личности и, како што сите знаеме со Муслиманското братство“, рече министерот Жерал Дерманан во живо на телевизија, упатувајќи тешки обвинувања кон еден од најдобрите фудбалери во земјата.

Овие зборови, кои може да значат и најава за истрага по враќањето на Бензема во Франција, следеа набргу откако алжирскиот фудбалер го искористи својот профил на социјалните мрежи за да го осуди израелското бомбардирање на Газа и палестинските цивили.

„Сите наши молитви се насочени кон жителите на Газа кои повторно се жртви на неправедно бомбардирање кое не поштедува ниту жени ниту деца“, напиша напаѓачот на Ал Итихад и предизвика лавина коментари.

URL

Поранешниот долгогодишен репрезентативен голман на Израел и фудбалер на Расинг, Депортиво и Мајорка, Давид „Дуду“ Ауат, на неговата објава одговори со зборовите: „Ти ку… сине“.

Кои се Муслиманските браќа?

Станува збор за движење основано во 1928 година во Египет, во североисточниот дел на Каиро наречен Исмаилија, во близина на Суецкиот Канал. Основано е од шеикот Хасан Ал-Бана, еден од духовните водачи на египетските сунити, со две краткорочни и една крајна цел – протерување на Британците и уништување на нивното влијание во Египет, преземање контрола врз земјата, а истовремено воспоставување на исламските вредности, а подоцна и обновувањето на империјата од VII век, која се протегала од Шпанија до Индонезија.

Муслиманското братство е една од најстарите исламски организации во арапскиот свет и муслиманските верници воопшто.

Оваа организација брзо се здоби со голема популарност меѓу жителите на Египет главно поради организирање на голем број хуманитарни акции и помош на најранливите слоеви на општеството, но и работа на поврзување и зајакнување на националната свест кај припадниците на средната класа.

Популарноста, влијанието и контактите на Муслиманското братство брзо се проширија надвор од границите на Египет и денес тие имаат приврзаници, активисти и лидери ширум светот.

Движењето прерасна во политичка организација во Египет во 2011 година и постигна непосреден успех, вклучувајќи ја и победата на нејзиниот претставник на претседателските избори, Мохамед Морси, првиот избран претседател на Египет.

Меѓутоа, кога Морси беше сменет од власт со воен удар во 2013 година, беше уапсен лидерот на организацијата Муслиманско братство, Мохамед Бади, а самото движење беше забрането и прогласено за терористичко, по што истото го направија уште неколку арапски земји, вклучувајќи ја и економски најмоќната Саудиска Арабија.

Кралските семејства на Блискиот Исток отсекогаш го сметале Муслиманското братство за закана за монархискиот поредок.

Турција, сепак, остана безбедна земја за членовите на оваа организација.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе