Фрчат казни за матичните лекари: 15.000 за грешна шифра, иако пациентот го добил лекот што му треба

Казните за кои со поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, и поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, беше ставен мораториум, матичните лекари се жалат дека повторно им стигнуваат.

Неколкумина матични лекари добиле казна од 15.000 денари за административен, т.е. немедицински прекршок направен пред неколку години.

„Од Велес веќе двајца колеги се пожалија дека ја добиле истата казна за која се договаравме и со поранешниот министер и со поранешниот директор на Фондот дека треба да се поништи и Фондот повеќе да не казнува за такви прекршоци. Се работи за внесена погрешна шифра на некој рецепт, административно, која не ја менува терапијата за пациентот, тој го добива она што специјалистот напишал дека треба да го добие. На толкав обем на работа не е ни чудо да се згреши шифра, матичните не се роботи, но тоа административно може да се исправи. Токму затоа беше ставен мораториум на ваквите казни за кои има и приговори, но еве колегите веќе се жалат дека повторно ги добиваат и тоа за прекршоци направени пред повеќе од две години“, вели Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

На социјалните мрежи матичните лекари споделуваат повици да не се потпишуваат казните, но казнетите лекари велат дека им е преку глава од преписките со Фондот и најавуваат дека ќе ги платат и со душа ќе чекаат да се пензионираат.

Од Фондот за здравствено осигурување најавија одговори на прашањата од „Макфакс“ за казните на матичните лекари во текот на денот.

На сите досегашни протести едно од барањата на матичните беше да се укинат административните казни и да се поедностави начинот на издавање рецепти.

реклама

Македонија

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Read more

Сончево време со температура до 36 степени

Read more

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more
 

Вести

Шефовите на влади доаѓаат и си одат, но тој останува: Мачорот Лари во Лондон го пречека шестиот премиер

Читај повеќе

Поскапуваат патарините во Србија, познати се новите цени

Читај повеќе

Истражување: 30% од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Читај повеќе

Лукашенко паднал во несвест пред состанокот со Путин и Си Џинпинг

Читај повеќе

Фицо: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Читај повеќе

Левица: 40% од тие што дипломирале ја напуштиле државата

Читај повеќе

Бајден: Само Господ може да ме исфрли од претседателската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан: Му кажав на Путин дека на Европа ѝ треба мир

Читај повеќе

Сончево време со температура до 36 степени

Читај повеќе