Фрчат решенија за прекин на социјалната помош за оние што зеле пари од државата, а имале возила на свое име

По обвинувањето дека милионски суми социјална помош биле незаконски поделени на корисници што не ги исполнувале условите, центрите за социјални работи во земјата забрзано подготвуваат решенија за прекин на помошта.

Откако и самите ги вкрстиле податоците со базата на податоци од МВР, која од почетокот на февруари им е на располагање, почнале да откриваат корисници што имаат возила на свое име, а зеле социјална помош.

Извори од центрите за „Макфакс“ велат дека решенијата за прекин на помошта веќе се подготвуваат, па следната недела без помош од државата ќе останат многумина корисници. Центрите за социјални работи прават пресметки за социјалната помош за март, но бројката на корисници ќе се намали оти досегашните грешки ќе бидат исправени почнувајќи со оваа исплата.

Од Министерството за труд велат дека официјална бројка на корисници на социјална помош ќе има на почетокот на следниот месец.

„До 5 април треба да се направи исплатата на парите од социјални прва на корисниците. Тогаш ќе имаме точна бројка колкумина корисници го изгубиле правото со вкрстувањето на базите. Постапката сè уште трае“, велат од Министерството за труд за „Макфакс“.

Министерството за јануари годинава исплатило 35.386 корисници на социјална помош и социјална пензија, што ја чини државата околу 4,8 милиони евра.

За милионската злоупотреба на државни пари, со кои незаконски се исплаќале корисници што не ги исполнувале условите за социјална помош, обвини техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. На негова иницијатива во сите центри за социјална работа треба да се направат вонредни инспекциски надзори и рачно да се провери секое поединечно барање за социјална помош. Истрагата, која ќе трае повеќе од два месеца, треба да утврди и чија е одговорноста за злоупотребите.

Корисниците на социјална помош, кои зеле пари од државата, а имале возила на свое име, со решенијата за стопирање на правото ќе добијат и налог да ги вратат парите.

Минатата недела неколкумина директори на центри за социјална работа побараа извинување од техничкиот министер за труд и социјала оти со обвинувањето за милионски злоупотреби го нарушил интегритетот на вработените во центрите. Техничкиот министер Велковски не се извини како што бараа директорите, туку ги обвини за оркестриран напад врз него оти сите испратија идентична реакција на обвинувањето за криминал.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе