ГАК направиле пропуст оти докрај не ѝ обезбедиле психијатар на родилката што скокна од прозорец

ГАК направиле пропуст бидејќи докрај не ја спровеле постапката за обезбедување на психијатар, констатира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор во скоска гинекологија каде родилка се фрли од прозорец.

Од ДСЗИ велат дека при надзорот извршен бил увид во основната медицинска документација за пациентката (електронски медицински дневник, историја на болест), како и во Интегрираниот информатички систем Мој Термин. Побарани и добиени биле изјави од здравствени работници и соработници поврзани со лекувањето и третманот на родилката.

„Од извршениот надзор во ЈЗУ УК ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани. Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

По случајот со родилката од ГАК кажаа дека пациентката на Клиниката била донесена во 36. недела од бременоста во средата на 28 јуни со крвавење во последниот триместар од бременоста. Пациентката веднаш била прегледана од дежурен специјалист во амбулантата за итни случаи и било утврдено дека се работи за предвремено одлепување на постелката, состојба што витално го загрозува плодот и сериозно го загрозува здравјето на мајката. Пациентката била примена во родилна сала и по кусата предоперативна подготовка и за 14 минути од приемот е породена со царски рез во 21.30 часот, при што е добиено живо машко дете во задоволителна кондиција.

Два дена подоцна, како што информираа тогаш од ГАК, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен бил разговор со клинички психолог. Во понатамошниот постпородилен период пациентката била следена во согласност со дадените препораки. Следниот ден пациентката е без особени тегоби и е со уреден гинеколошко-акушерски статус.

Во неделата, повторно на утринска визита пациентката се пожалила на слична симптоматологија како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана била соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра процена на состојбата, пред испис да се повика психијатар. Ноќта околу 21:30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за самоубиство фрлајќи се од првиот кат.

ГАК: Проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност

Проценката од стручното лице во случајот со родилката била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност, реагираат од скопската клиника за гинекологија.

На реакцијата претходи извештајот од вонредниот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој констатираше пропуст што на 39-годишната жена докрај не и’ била обезбедена психолошка поддршка пред да скокне од прозорецот на гинекологија.

Од ГАК објаснуваат дека пациентката која се породи на 28 јуни, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш била видена од психолог и не било нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.

Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден бил креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред исписот од Клиниката.

„Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар“, велат од ГАК.

Објаснуваат дека ваквата симптоматологија е мошне честа меѓу породените пациентки, а студија на Клиниката покажала дека пројавуваат дури 72 отсто од испитаничките во перинаталниот период, и истата не претставува ургентна состојба за итна потреба од психијатар.

Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојувала на ГАК не било рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба.

Пациентката во саботата, ден пред да скокне од прозорецот, направила и соодветен контакт со бебето, што, како што велат од ГАК, е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид.

На кобниот ден, 2 јули, поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати била посетена и бил извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно бил креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што било планирано да се случи во понеделникот.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе