Германија го призна геноцидот што го направила во Намибија

Германската Влада формално призна дека нејзините вооружени сили извршиле геноцид врз домородниот народ во она што е денес Намибија и објави дека на земјата ќе ѝ надокнади за штетите од колонијалното време.

Министерот за надворешни работи, Хајко Мас, денеска соопшти дека Германија ги признава извршените злочини од страна на нејзините колонијални трупи врз домородните народи Хереро и Нама помеѓу 1904 и 1908 година. Додаде и дека официјален Берлин сака да најде заеднични начин на според кој намибискиот народ ќе им прости на Германците како сеќавање на сите жртви.

„Отсега па натаму, Германија овие настани официјално ќе ги класификува како геноцид“, додаде Мас.

Како еден вид на обелување на образот Германија ќе отвори инвестициски фонд со 1,1 милијарда евра кој ќе биде наменет за модернизирање на инфраструктурата, здравството и образование на населението во Намибија. Планот е парите да бидат инвестирани етапно во наредните 30 години.

Домородните племиња Херео и Нама биле речиси истребени за време на бунтот против германската колонијална власт во она што некогаш била Германска Југозападна Африка. Се претпоставува дека помеѓу 1904 и 1908 година се убиени од 65 до 80 илјади Хереро кои живееле во германската колонија, како и 10 илјади од вкупно 20-илјадниот народ Нама. Многумина преживеани од бунтот подоцна биле апсени и праќани во концентрациони логори каде биле користени како робови. Лошите услови за живот во тие логори биле причина за смрт на големиот дел од овие луѓе.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе