Германија истражува 60 азиланти поради тероризам

Германската сојузна криминалистичка полиција BKA располага со 410 траги што упатуваат на можни терористи меѓу бегалците, а полицијата поради тоа покренала 60 истраги над лица кои бараат азил, пишува весникот Neue Osnabruecker Zeitung.

„Имајќи го предвид продолжувањето на миграцијата во Германија мораме да претпоставиме дека меѓу бегалците се наоѓаат активни и поранешни припадници, приврзаници и симпатизери на терористички организации или исламистички мотивирани воени злосторници“, пренесува весникот, повикувајќи се на извори од BKA.

Германија последниот период се соочува со низа напади кои имаат терористички знаци, но властите и натаму се во дилема за што точно станува збор, наведувајќи дека некои од напаѓачите биле со нарушено психичко здравје. Полицијата наведува дека три од последните четири напади ги извршиле мигранти кои дошле во Германија како баратели на азил.

Нападот во баварскиот град Ансбах во кој беа ранети 12 лица го извел 27-годишен Сириец. Станува збор за бомбаш самоубиец, а баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман смета дека тоа е „многу веројатно“ чин на исламистички тероризам.

Вчера попладне 21-годишен сириски барател на азил во Ројтинлег со нож уби трудница, а повреди уште четири други лица.

Во напад со секира и нож 17-годишен Авганистанец минатиот понеделник тешко повреди пет лица, а уште 14 луѓе побараа лекарска помош. Авганистанецот, кој наводно во Германија дошол минатата година, пристигнал како бегалец без придружба од родители, а патниците ги нападнал во близина на Вирцбург, северна Баварија.

Во нападот пред трговскиот центар во Минхен во петокот 18-годишно момче од иранско потекло уби девет луѓе, а рани 16 лица пред да се самоубие.

Од BKA наведуваат дека бројката на луѓе кои ја напуштиле Германија за да ѝ се придружат на Исламската држава пораснал од 800 во мај на 840 во јули. Од една третина кои се вратиле, околу 70 од нив учествувале во активните вооружени дејствија или минале борбена обука, пренесува весникот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе