Германија повеќе не зависи од руските енергетски извори

Германија повеќе не зависи од увозот на енергенси од Русија, потврди германскиот министер за финансии Кристијан Линднер за BBC.

Тој тврди дека неговата земја целосно ја диверзифицирала својата енергетска инфраструктура од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

„Да, се разбира дека Германија сè уште зависи од увозот на енергенси, но денес веќе не зависи од увозот од Русија, туку од глобалниот пазар“, рече Линднер, истакнувајќи дека нашле нови извори за снабдување со енергенси. Германија порано увезуваше околу половина од својот гас од Русија.

На Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Линднер укажа на брзината со која е изграден нов терминал за течен природен гас во Германија, за рекордни осум месеци. Посочува дека планираат дополнителни инвестиции во инфраструктурата.

„Ова е само еден пример за огромна промена во германската политика“, рече тој.

„Сфативме дека мораме да ја зајакнеме нашата конкурентност по ерата на канцеларката Меркел. Таа ера беше фокусирана на силите од минатото, а сега ги развиваме силите на иднината“, рече германскиот министер за финансии. Тој е оптимист за податоците кои сугерираат дека инфлацијата во Германија го достигна својот врв минатата година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе